send link to app

MojGlas


4.4 ( 9984 ratings )
Образование
Разработчик LEADMK
бесплатно

Главна цел на платформата „Мој глас“ е да го зголеми учеството на учениците во донесувањето на одлуките во рамки на училиштето. Платформата нуди можност за консултација со учениците, известување на учениците, пријавување проблем до училишните служби од страна на учениците, доставување предлози од учениците од раководството на училиштето, доставување предлози до Училишната заедница и започнување на петеција од страна на учениците.
Секој корисник, односно секој ученик, како и училишните структури, ќе добијат уникатен профил на платформата, достапен само за нив.
Платформата нуди различни опции за учениците и за училишните служби, односно:
Консултирај ги учениците
Училишните служби, преку платформата ги консултираат учениците, пред да донесат одлука за одредено прашање
Информирај ги учениците
Училишните служби, а и учениците меѓусебно, си проследуваат информации кои се релевантни за нив, а се поврзани со училиштето
Започни петиција
Учениците ќе добијат можност да започнат петиција за промена на нешто што не им се допаѓа во училиштето и да бараат поддршка од своите соученици
Достави предлог и пријави проблем
Ќе им се овозможи на учениците да ги пријавуваат проблемите кои ги забележуваат до службите, но и да даваат предлози за подобрување на училиштето